Skip to main content

Мицкоски по невремето во Скопје: Штетите се санираат и согласно законот ќе се рефундираат

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне истакна:

Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа заедно со институциите кои што се во нивна надлежност штетите. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано.
На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече:

Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода.

Поврзани вести