Skip to main content

Клековски за Гостивар: Вчера имавме околу 290 пациенти, денеска се 190, намалувањето е значително во споредба со саботата

Влада

Смирувачки тренд на епидемијата во Гостивар. Вака министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја опиша состојбата со Гостивар поткрепено со бројот на лица кои побарале лекарска помош.

Вчера имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се околу 190 пациенти, имаме натамошно намалување што е значајно од врвот со саботата. Продолжуваме со поддршка на сите епидемиолошки активности, неопходни да се утврди хронологијата на настаните, нагласува Клековски.

Тој додаде дека денеска во 12:30 часот ќе се состане Управувачкиот комитет за кризни состојби за да се усвојат плановите на она што е договорено во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Сметаме дека здравствената состојба е веќе целосно под контрола и во смирувачки тренд. Сега фокусот е на ставање на гостиварскиот водовод во употреба, вели министерот за здравство.