
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека во скоро време не е планиран состанок на рускиот претседател Владимир Путин со украинскиот лидер, Володимир Зеленски.
Нема планиран состанок … Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, кога ќе биде подготвен дневен ред на тој самит. Апсолутно не е подготвен дневен ред, истакна Лавров во интервју за американската телевизија Ен-би-си (НБЦ).
Тој се осврна и на резултатите од самитот Русија – САД на Алјаска, истакнувајќи оти Русија покажала флексибилност по низа прашања иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателот Трамп предложи неколку точки по самитот одржан во Енкориџ, за некои имаме исто мислење, а за некои се согласивме да покажеме одредена флексибилност, наведе Лавров.