Skip to main content

Кос: Во наредните месеци ќе има многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ

Европската комесарка за проширување Марта Кос најави дека во следните месеци на агендата ќе има многу важни одлуки за проширување на Европска Унија.

Многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ ќе бидат на нашата агенда во наредните месеци, а полското претседателство со Советот на ЕУ има големи амбиции. Ајде да работиме заедно за да изградиме посилна и пообединета Унија за да ги зачуваме мирот, слободата и безбедноста на нашиот континент, напиша Кос на платформата Икс.

Таа додаде дека ќе разговара со полскиот министер за ЕУ Адам Шлапко и министерот за надворешни работи Радослав Сикорски како брзо и ефикасно да се унапреди процесот.

Поврзани вести