Skip to main content

Кина предлага четири точки за мирoт во Украина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји претходно денеска изјави дека Пекинг ги поддржува сите напори што водат до мировни преговори во Украина.

Ванг се обрати пред Советот за безбедност на ОН откако руските и американските претставници се сретнаа во Саудиска Арабија и се согласија да продолжат со напорите за ставање крај на војната во Украина.

Пекинг ќе продолжи да ги застапува четирите точки наведени од кинескиот претседател Шји Џјинпинг за тоа што треба да се направи“, рече Ванг.

Според кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, тие четири точки се: воздржување од барање себични придобивки, да не се додава масло на огнот, создавање услови за воспоставување мир и намалување на негативното влијание врз светската економија, истовремено воздржувајќи се од поткопување на стабилноста на глобалните индустриски и снабдувачки синџири.

Поврзани вести