Skip to main content

Ким Џонг-ун уверен во победа во антиимперијалистичката и антиамериканската борба

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, на одбележувањето на годишнината од потпишувањето на примирјето со кое беше ставен крај на Корејската војна, изјави дека неговата земја ќе извојува победа во „антиимперијалистичката и антиамериканската“ борба, јави државната новинска агенција КЦНА.

Нашата држава и народот несомнено ќе го остварат големиот идеал – изградба на просперитетна земја со моќна армија – и ќе бидат чесни победници во борбата против империјализмот и Америка, рече Ким при посетата на Воениот музеј посветен на Корејската војна.

Cеверна Кореја на 27 јули 1953 година потпиша примирје со САД и Кина, со што заврши трогодишната војна. Американските генерали го потпишаа договорот во името на силите на ОН кои ја поддржуваа Јужна Кореја.

Иако договорот не беше формален мировен договор, Cеверна Кореја го одбележува 27 јули како „Ден на победата“, бидејќи со примирјето беше воспоставена демаркациона линија што ја подели Кореја на речиси еднакви делови. Јужна Кореја, пак, не го одбележува тој датум со свечености.

На комеморацијата посветена на ветераните од Корејската војна, јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг во Вашингтон вети дека дополнително ќе го зацврсти сојузот со САД преку политички, економски, безбедносни и културни иницијативи.

Ќе продолжиме да го зајакнуваме сојузот меѓу Јужна Кореја и САД – сојуз создаден со пролеана крв – и уште повеќе ќе се посветиме на зачувувањето на слободата и мирот на Корејскиот Полуостров, рече Ли. 

Поврзани вести