Во октомври 2024 година извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ достигнал вредност од 21,7 милијарди евра, а увоз од 16,2 милијарди евра, што претставува рекордно ниво на трговска размена на блокот на овие продукти, покажуваат најновите податоци на Европската комисија.
Според овој извештај, лани во октомври извозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ бил за 10 отсто повисок отколку во истиот месец во 2023 година, додека увозот на годишно ниво бележи раст од 19 проценти.
Во периодот јануари-октомври 2024 година извозот на овие стоки од ЕУ пораснал за шест отсто споредено со првите десет месеци од претходната година, а увозот за три проценти.
Главни пазари за пласман на европските земјоделски производи лани останаа Велика Британија и САД. Извозот на британскиот пазар во периодот јануари-октомври достигна 44,9 милијарди евра, а на американскиот 25,1 милијарди евра.
Во Кина, пак, во истиот период се пласирани европски стоки во вредност од 937 милиони евра, што претставува намалување за осум отсто на годишно ниво, како резултат на падот на извозот на житни култура, свинско месо и млечни производи.
Од друга страна, ЕУ најмногу увезувала земјоделска храна од Бразил во вредност од 14,4 милијарди евра, што претставува пад за три проценти како резултат на пониските цени на маслодајните семиња и намалениот обем на набавка на житни култура.
Најголем раст на увозот на стоки во ЕУ има од Брегот на Слоновата Коска и тоа за 60 проценти, односно за две милијарди евра, како резултат на растот на цените на какаото, додека најголем пад бележи увозот од Австралија и Русија.