Skip to main content

Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами

Freepik

Израел останува закана за Иран, изјави денеска командантот на иранските вооружени сили Амир Хатами.

Во јуни, Израел започна воена операција во која ги нападна иранските нуклеарни објекти. Како одговор, Техеран започна масовни напади врз Израел со ракети и дронови.

Дури и еден процент веројатност за закана треба да се смета за 100 проценти сигурна закана. Не треба да го потценуваме непријателот и да мислиме дека опасноста поминала, изјави Хатами.

Тој нагласи дека моќта на Иран во однос на ракетите и дроновите е подготвена за акција.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац предупреди минатиот месец дека ако неговата земја биде загрозена, ќе следи уште еден напад врз Иран.

Поврзани вести