Skip to main content
Поради расжестувањето на воните напади врз и од Иран

Италија ги повлекува своите војници од Ирак

Италија донесе одлука да ги повлече своите војници коишто се распоредени во Ирак, објавува „Волстрит џурнал“.

Според изданието, официјален Рим постепено ги евакуира војниците од базата во Ербил – од повеќе од 300 војници, околу 100 веќе се вратени во Италија, уште околу 70 се префрлени во Јордан, а околу 140 војници остануваат во базата.

Оваа одлука доаѓа откако италијанската премерка Џорџа Мелони порача дека Италија не учествува и нема намера да учествува во американската и израелската воена операција против Иран.

Заканите стануваат сè посериозни, а едностраните интервенции извршени надвор од рамките на меѓународното право се множат. Мораме да ја земеме предвид и американската и израелската интервенција против иранскиот режим. Интервенција во која, веднаш и без сомнение велам, Италија не учествува и нема намера да учествува“, изјави Мелони.

Поврзани вести