
Иранското воено раководство денеска ја отфрли можноста за компромис или капитулација во актуелната војна со САД и Израел, јави ДПА.
Моќните ирански вооружени сили цврсто ќе го бранат суверенитетот на земјата и ќе продолжат по овој пат до конечна победа – изјави Али Абдолахи Алиабади, портпарол на највисоката иранска воена команда, пренесоа иранските државни медиуми, пренесени од ДПА.
Алиабади е всушност началник на иранскиот Генералштаб и тој командува со Централниот штаб на Хатам-ал Анбија, телото одговорно за оперативна команда во време на војна.

Македонски



