Skip to main content

Иран: Извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија е политички мотивиран

akbar-nemati-on-unsplash

За официјален Техеран извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е политички мотивиран, во кој се повторуваат неосновани обвинувања. Иранските власти најавија дека ако МААЕ на претстојниот состанок преземе каква било акција против Иран, Техеран ќе „спроведе соодветни мерки“.

Во најновиот доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во кој увид имаа западни медиуми, се наведува дека Иран ги зголемил резервите на збогатен ураниум и извршува тајни нуклеарни активности на три локации – Лависан Шијан, Варамин и Мариван, користејќи материјали непријавени во Агенцијата на Обединети нации.

Според МААЕ, Иран во последниот квартал од 2024 година, ги зголемил резервите на збогатен ураниум за 953,2 килограми на 9.247,6 килограми.

Иранските резерви на ураниум збогатен до 20 проценти во форма на ураниум хексафлуорид (УФ6) намалени за 332,3 килограми на 274,5 килограми, но во исто време резервите на ураниум збогатен до 60 отсто во форма на УФ6 зголемени се за 133,8 килограми, на 408,6 килограми.

Според дефиницијата на МААЕ, околу 42 килограми ураниум збогатен до 60 проценти е теоретски доволно, доколку се збогати дополнително, за производство на атомска бомба.

МААЕ повикувајќи се на изјави на поранешни високи ирански владини претставници Техеран има капацитети за производство на нуклеарно оружје.

Поврзани вести