Skip to main content

Индонезија стана полноправна членка на БРИКС

Индонезија официјално стана полноправна членка на групацијата БРИКС, соопшти Министерството за надворешни работи на Бразил, кое претседава со организацијата.

Индонезија споделува со другите членови на групата поддршка за реформите на институциите на глобалното управување и позитивно придонесува за продлабочување на соработката на глобалниот југ“, соопшти бразилската влада.

Индонезија претходно ја изрази својата желба да се приклучи на блокот како средство за „зајакнување на земјите во развој и унапредување на интересите на глобалниот југ“.

Кон крајт на 2024 година, Министерството за надворешни работи на Русија, соопшти дека во 2025 година партнери на БРИКС ќе бидат Белорусија, Боливија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда и Узбекистан.

Поврзани вести