Припадниците на обезбедувањето на француската железница отвориле оган врз чове кој им се заканувал со оружје.
Во инцидентот, што се случил на железничката станица Остерлиц во Париз, повредени се две лица.
Мажот цртал кукест крст на железничката станица кога му пришле припадници на обезбедувањето, а тој им се заканувал со оружје, за кое подоцна се утврдило дека е лажно. Обезбедувањето отворило оган, при што напаѓачот е сериозно повреден, додека случаен минувач е полесно повреден.