Skip to main content

Mурињо: Политиката се меша во изборот на „Златна топка“

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека неколку од играчите на мадридскиот тим заслужуваат да ја освојат Златната топка.

– Треба да му припадне на најдобриот играч во светот, не мора да биде Шпанец или играч на ПСЖ. Златната топка треба да му припадне на еден од тројцата или четворицата најдобри играчи во светот, а тие се тука. Но, политиката се меша во Златната топка, а јас не сакам да се мешам во политиката, изјави Мурињо за „Марка“.

Актуелниот добитник на Златната топка е напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле. 

Церемонијата за доделување на Златната топка во 2026 година ќе се одржи на 26 октомври во Лондон

Поврзани вести