Skip to main content

Украински официјален претставник: Русија се подготвува за можна копнена офанзива кон Киев

Adobe

Украина добила разузнавачки информации дека Русија се подготвува за можна копнена офанзива кон Киев, како и кон Чернигов на крајниот север од земјата, изјави денеска заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Павло Палис.

„Нема конкретни датуми или индикации дека руски ударни единици се собираат во близина на северните граници на Украина. Сепак, военото раководство во Москва прави одредени проценки“, рече Палис, нагласувајќи дека приоритет на Украина е да не им дозволи на Русите воопшто да започнат какви било офанзивни акции, според Блумберг.

Изјавата дојде неколку дена откако директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ненадејно отпатува во Москва на состаноци со руски официјални претставници.

Поврзани вести