Skip to main content

Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа, покажуваат анализите на ЕУ

Freepik

Голем број на држави во ЕУ по бојкотирање на маркетите спроведоа анализи со кои докажаа дека цените за храна се зголемуваат неоправдано. Бугарија беше меѓу првите држави која проба да направи нешто во врска со драстично зголемените цени.

Бугарската влада обезбеди околу 5 милиони евра почетен капитал определени за почеток на нов проект „Продавница за народот“. Овој проект има за цел отварање на ланец продавници кои, во најголем дел, ќе продаваат само домашни производи со маржа не поголема од 10 проценти. Целта е овие продавници да бидат отворени во посиромашни и рурални средини. Бугарскиот министер за земјоделство Георги Тахов тврди дека во тие делови населението најмногу е погодено од инфлацијата. Тие се помалку можат да трошат пари на храна. Со ова се повеќе домашни производи полесно, без некој поголем посредник, ќе бидат директно доставени кон крајните потрошувачи.

Медиумите во ЕУ и на Балканот пренесуваат здружена оценка на произведувачите и потрошувачите да повисоките цени на храната доведуваат до помали плати и приходи на граѓаните. Општиот заклучок е дека целиот профит завршува кај големите ланци на супер маркети, додека малите земјоделци се помалку добиваат за своите производи.

Еве и за пример и Белгија го има истиот проблем со вртоглаво растење на цените. Голем дел белгијци кои живеат во внатрешноста се повеќе пазаруваат во Франција и Германија. Истиот феномен се јавува и на Балканот. Многу често некои производи се поевтини во некои соседни земји. Така многу често Словенците одат во Трст да пазаруваат.

Француската влада пред неколку месеци одржа средба со директори на некои од најголемите ланци на маркети во Франција и Германија. Француската се сомнева дека тие имале таен состанок во мал германски град каде ја договарале маржата на производите. До сега ништо не е докажано, иако е констатирано дека 85 проценти од пазарот во Германија го држат четири маркети.

Исто така и нашата влада излезе со став дека доколку се забележи неконвенционално однесување со цените на прехранбените производи ќе започнат со истрага и со санкции.

Но останува да видиме дали големите ланци ќе почнат да ги намалат цените на производите .

Поврзани вести