Skip to main content

Хамас го прифати предлогот за примирје со Израел

ahmed-abu-hameeda-on-unsplash

Хамас соопшти дека одговорил на предлогот на американскиот специјален пратеник, Стив Виткоф за примирје со Израел.

Палестинската организација се согласи да ослободи 10 израелски заложници и да ги врати телата на 18 починати заложници во замена за ослободување на палестински затвореници во Израел. Според нацрт-верзијата на најновиот предлог на Виткоф, Израел за возврат ќе ослободи 125 палестински осуденици за тероризам кои отслужуваат доживотна казна затвор, 1.111 жители на Појасот Газа притворени од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година и 180 тела на загинати Палестинци.

Американскиот предлог предвидува двете страни во конфликтот да се договорат за параметрите на делумно повлекување на израелските одбранбени сили од Појасот Газа за време на привременото прекин на огнот.

Како дел од предлогот на САД, Обединети нации ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош за Палестинците, наместо новиот механизам поддржан од Израел кој стапи во сила оваа недела.

ОН одбија да соработуваат со новиот механизам, со образложение дека тој не ги задоволува потребите на цивилното население во палестинската енклава и му дозволува на Израел да го претвори снабдувањето со храна во оружје. 

Поврзани вести