Силниот ненадеен притисок на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и луѓе од неговото блиско опкружување, за можно припојување на Гренланд и Канада кон САД, не е само „смешен мем“ на интернет, туку има и вистинско стратешко значење и геополитички последици.
Арктикот во многу блиска иднани ќе биде бојно поле меѓу американските и руските интереси и САД дефинитивно би сакале да обезбедат нови трговски патишта, како и да ги контролираат своите северни граници со Русија.