Skip to main content

Грција испраќа воздушни и копнени противпожарни сили во Португалија и Шпанија за борба против пожарите

Министерство за цивилна заштита и климатски кризи на Грција

Со два авиони од типот Канадер за Португалија и пешадиски тим од 20 пожарникари за Шпанија, Грција им помага на двете земји во борбата со големите шумски пожари, соопштија од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција, во рамките на духот на солидарност и меѓусебна поддршка кон погодените земји, помага во операциите за гаснење на големите шумски пожари што беснеат во Шпанија и Португалија, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, соопштија од Министерството.

Објаснија дека два противпожарни авиони Канадер ќе бидат испратени во Португалија со цел да ги зајакнат воздушните операции за гаснење пожари.

Паралелно, Грција на Шпанија ѝ понудила пешадиски тим од 20 пожарникари наменета, што било прифатено од шпанските власти.

Поврзани вести