
Две балистички ракети од Јемен насочени кон рафинерија во областа Јанбу во Саудиска Арабија рано утрово успешно биле спречени од грчкиот противвоздушен и противракетен систем Патриот распореден во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Извори од Генералштабот на грчката национална одбрана информираа дека утрово во 07.15 часот по грчко време, системот Патриот на грчките сили во Саудиска Арабија (ЕЛДИСА), во рамките на нивното учество во меѓународната иницијатива „Integrated Air Missile Defense (IAMD) Concept“ за поддршка на противвоздушната одбрана на Кралството Саудиска Арабија, со стопроцентна успешност се справи со напад од областа на Јемен.
Нападот бил изведен со две балистички ракети, насочени кон исклучително важен рафинериски комплекс во регионот Јанбу каде што е распореден грчкиот противвоздушен систем, а грчките сили во Саудиска Арабија продолжуваат регуларно со нивната мисија.
Во март годинава истиот грчки противракетен систем Патриот во Саудиска Арабија собори две ирански ракети.

Македонски


