
Во еден од најпознатите светски музеи, Лувр во Париз се случил грабеж. Украдени се девет предмети од колекцијата накит на Наполеон.
Двајца маскирани и вооружени напаѓачи влегле во Галеријата Аполо, додека трет чекал надвор. Откако ги украле експонатите, тие избегале со автомобил, обајви „Ле Паризиен“.

Музејот бил затворен додека истрагата е во тек. Обемот на штетата сè уште не е објавен.