Skip to main content

Голем пожар избувна во облакодер во Дубаи Марина, евакуирани речиси 4.000 жители

Голем пожар избувна во облакодер во Дубаи Марина. Речиси 4.000 жители беа итно евакуирани.

Како што објавија локалните медиуми,  пожарот избувнал во 67-катна станбена зграда во Дубаи Марина вчера попладне и траел околу 6 часа. Екипите на Цивилната одбрана на Дубаи успеале да го изгаснат во раните утрински часови.

Според официјалните информации објавени од „Dubai Media Office“ (DMO), службите за итни случаи реагирале брзо и дејствувале координирано. Благодарение на нивната брза реакција, сите 3.820 жители од 764 станови беа успешно евакуирани, а никој не беше повреден.

Поврзани вести