Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи сенаторот Куран за нов директор на американската тајна служба. Во објава на својот профил на социјалните мрежи, Трамп рече дека Куран е „голем патриот“ кој го штител своето семејство во последните неколку години.
Куран претходно четири години служеше како специјален агент задолжен за безбедноста на Доналд Трамп. Тој скокна на сцената за да го заштити Трамп со своето тело за време на првиот обид за атентат врз него на 13 јули во Пенсилванија. Додека раководеше со обезбедувањето на Трамп, тој надгледуваше 85 луѓе.