Skip to main content

Глечер уништи село во Швајцарија

Швајцарското село Блатен е делумно уништено откако дел од глечер се срушил во долината, а едно лице е исчезнато, објави денес Би-би-си.

Селото беше евакуирано пред неколку дена поради страв од уривање на глечер, а едно лице се води како исчезнато во свлечиштето, додека многу куќи се срамнети со земја.

Локалните власти побараа поддршка од швајцарската војска за итна помош, според Би-би-си.

Поврзани вести