Skip to main content

Франција доби нова влада, Лекорну ветува дека ќе избегне политичка криза

Facebook/Sébastien Lecornu

Француското претседателство денеска го откри составот на новото владино тело, предводено од премиерот Себастијан Лекорну, во кое има и познати и нови лица.

Како што пренесува Франс24, целта на формирањето е да се избегне продлабочување на политичката криза во земјата.

Во новиот состав, Жан-Ноел Баро останува министер за надворешни работи, додека функцијата министер за вооружени сили ја добива досегашната министерка за труд Катрин Вотрен.

Премиерот Лекорну изјави дека владата е составена „за да ѝ се обезбеди буџет на Франција пред крајот на годината“.

Единственото нешто што е важно е интересот на земјата – истакна тој на социјалната мрежа „Икс“, заблагодарувајќи им се на министрите, „кои учествуваат во ова владино тело потполно слободно, без оглед на лични и партиски интереси“.

Поврзани вести