Skip to main content

Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за целата ЕУ, објави на Фејсбук словачкиот премиер Роберт Фицо по завршувањето на вонредниот самит на европските лидери во Брисел.

Фицо пред самитот изјави дека ќе бара во заклучоците од овој собир да се вметне формулација со која се повикува на изнаоѓање решение за продолжување на транзитот на гас преку Украина до Словачка и предупреди дека во спротивно ќе ги блокира заклучоците од самитот, пренесува Ројтерс.

„Европскиот совет ги повикува Комисијата, Словачка и Украина да ги интензивираат напорите за изнаоѓање изводливи решенија за прашањето за транзитот на гас, имајќи ја предвид загриженоста на Словачка“, се наведува во усвоениот текст.

Фицо изјави дека таквата формулација е прифатлива.

„Доколку заклучоците содржат такви формулации, немаме причина да не ги поддржиме“, додаде словачкиот премиер пред вчера да полета за Брисел.

Поврзани вести