Skip to main content
РУСКО МНР

 ЕУ изгуби 1,6 трилиони евра поради антируските санкции од 2022 до 2025 година

Откако пропушти неколку натпревари поради повреда и раѓањето на своето второ дете, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе се врати во составот на НБА лгашот Лос Анџелес Лејкерс на следниот натпревар против Филаделфија на гостински терен, јавија денеска американските медиуми.

Порано оваа седмица, Дончиќ отпатува во Словенија за да биде со својата партнерка Анамарија Голтес за раѓањето на нивната втора ќерка, Оливија.

Со ефект од четири победи и два порази во отсуство на Дончиќ, Лос Анџелес Лејкерс се израмнети со Денвер на второто место на табелата во Западната конференција (16-6).

Оваа сезона, Дончиќ на 16 натпревари во дресот на Лејкерс има просек од 35,3 поени, 8,9 асистенции, 8,9 скокови, 1,6 украдени топки и 0,6 блокади.

За утрешниот дуел на Лејкерс против Филаделфија сè уште е неизвесен настапот на Леброн Џејмс

Поврзани вести