
Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со својот руски колега Владимир Путин на Алјаска, би можел да им постави ултиматум на Украина и на ЕУ за да ги поттикне кон прифаќање мировен договор, пишува „Економист“.
Ова би можело да ги стави Украина и нејзините европски сојузници во ситуација без добивка: или потпишете го договорот со Русија и договорете се за реструктуирање на европската безбедност или отфрлете го и ризикувајте Трамп да си замине и да ја намали разузнавачката и воената поддршка за Украина“, коментира „Економист“.
Во анализата на весникот се наведува дека линијта на фронтот во Украина, руските трупи силно напредуваат во Доњецката област.
Јасно е дека Кремљ има за цел да ја консолидира својата позиција на терен и да изврши притисок врз Украина пред преговорите. По неколку месеци ескалација, закани и пресврт од 180 степени, ставот на Трамп за Украина останува нејасен, а претседателот дополнително ја збунува ситуацијата со контрадикторни изјави од 11 август“, пишува весникот.