Skip to main content

Двајца убиени во напад со нож во парк во Баварија

Две лица загинале во баварскиот град Ашафенбург, а неколку се тешко повредени во напад што се случил во паркот Шонтал.

Според првичните информации, со остар предмет биле нападнати неколку лица. Полицијата соопшти дека тројца возрасни и едно дете се повредени, објави „Билд“. Набргу потоа било потврдено дека две лица загинале, а според „Билд“, меѓу жртвите има и дете.

Според информации од полицијата, едно лице е уапсено, а други осомничени нема. Мотивот за нападот засега не е познат, но полицијата соопшти дека не се работи за терористички чин.

Сообраќајот на возовите на јужната станица бил прекинат бидејќи осомничениот наводно се обидел да избега преку шините.

Паркот Шентал, кој се простира на девет хектари, моментално е широко ограден. Портпаролот на полицијата изјави дека нема опасност за јавноста. За брзо апсење на осомничениот можело да придонесат честите патроли на полицајци во овој парк.

Ашафенбург се наоѓа во административната област Долна Франконија во Баварија, во близина на границата со германската покраина Хесен. 

Поврзани вести