Skip to main content

Двајца судии на Врховниот суд на Иран застрелани во Техеран

Двајца судии на иранскиот Врховен суд се убиени денеска во зградата на судот во Техеран од вооружен маж кој потоа извршил самоубиство.

Како што објави порталот на иранската судска власт „Мизан“, напаѓачот вооружен со пиштол влегол во канцеларијата на судиите и пукал, по што се самоубил.

„Мизан“ наведува дека се убиени судиите Мохамад Могисех и Али Разини. Локалните медиуми јавија дека е повреден и телохранител на еден од судиите.

Нема информации за мотивите на сторителот.

Иранските опозициските веб-страници објавија дека Могисех во минатото учествувал во судења на политички затвореници.

Поврзани вести