Skip to main content

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

Два руски воени авиона го нарушија воздушниот простор на Литванија. Авионите во литванскиот воздушен простор се задржале околу 18 секунди, соопшти литванската армија.

– Двата руски авиони, борбен авион Су-30 и танкер Ил-78, се чинеше дека извршуваат мисија за обука за полнење гориво, кога ја преминаа границата на Литванија околу 18 часот по литванско време од правец на руската балтичка енклава, Калининград, се наведува во соопштението на армијата на Литванија.

Како одговор на нарушувањето на литванскиот воздушен простор, шпанските борбени авиони „Еурофајтер тајфун“ од воздухопловните сили за надзор на Балтичко Море на НАТО брзо полетаа и продолжија да патролираат во областа.

Поврзани вести