
Дрон погоди денеска американска воена база во близина на Багдад, објавија ирачките медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори.
Не е пријавена штета во нападот, кој се случува во услови на регионална ескалација по нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.
Во меѓувреме, проиранска ирачка милиција денеска ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз американската база во Ербил во курдскиот регион и рече дека погодила и хотел во градот, каде што, како што рече, биле сместени американски војници.
Ирак дели граница од 1.500 километри со Иран, а Техеран има значително политичко, економско и воено влијание врз својот сосед.
Делови од шиитската заедница во Ирак стравуваат дека слабеењето на Иран би можело да го наруши и нивното политичко влијание, додека набљудувачите стравуваат дека случувањата во Техеран би можеле да предизвикаат нови немири во Ирак.

Македонски

