Синот на новоибраниот американски претседател, Доналд Трамп, Трамп јуниор пристигна на Гренланд во посета. Тој објави дека на островот пристигнал како турист.
Претходно, неговиот татко напиша дека Соединетите Држави ќе ја „вратат поранешната големина“ на островот и ќе обезбедат „заштита и грижа од суровиот надворешен свет“ доколку Гренланд биде припоен кон САД.