
Во пресрет на средбата со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, претседателот на САД Доналд Трамп имал телефонски разговор со првиот човек на Белорусија, Александар Лукашенко.
Во обајва на социјалните мрежи по разговорот, Трамп најави дека планира да се сретне и Лукашенко еден ден.
Имав прекрасен разговор со високо почитуваниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. Целта на повикот беше да му се заблагодарам за ослободувањето на 16 затвореници. Разговараме и за ослободување на дополнителни 1.300 затвореници. Нашиот разговор беше многу добар. Разговаравме за многу теми, вклучувајќи ја и посетата на претседателот Путин на Алјаска. Со нетрпение очекувам да се сретнам со претседателот Лукашенко во иднина. Ви благодарам за вниманието на ова прашање!“, напиша Трамп
