
Агустин Ескобар, директорот на познатата компанија „Сименс“ и неговото семејство загинаа во хеликоптерската несреќа над замагелниот брег на Менхетен, дознава Си-Ен-Ен. На социјалните мрежи се појави и последната фотографија од семејството додека било во леталото пред неговото уривање во реката Хадсон.
Уште не е познато зошто се урна хеликоптерот. Семејството било во посета од Шпанија, рече градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс на прес-конференција во четвртокот.
Спасувачите направија сè што можеа за да им помогнат на настраданите.
Во хеликоптерската несреќа загина и пилотот на хеликоптерот.