Skip to main content

Дезертерството во украинската армија достигнува рекордно високо ниво

X/ZelenskyyUa

Дезертерството во украинската армија достигнува рекордно високо ниво.

Во објавен извештај за обемот на проблемот, новинари на Ал Џезира го интервјуирале 36-годишниот Тимофеј од Киев. Тој бил присилно регрутиран двапати. Како што вели во изјавите за медиумот, и двата пати успеал да избега.

Според пишувањето, рацете на Тимофеј се уште се покриени со виолетови, полузаздравени лузни – траги оставени од бодликавата жица поставена на триметарскиот ѕид преку кој се искачил за да избега од воениот тренинг центар.

Според Тимофеј, одлуката да дезертира дошла откако сфатил едноставен факт – неговата подготовка за борба била „симболична“, а неговата судбина била јасна. Тој требало да биде испратен како јуришник на фронтот, каде што неговите шанси за преживување би биле речиси нула.

Без обука. Не им е гајле што нема да ја преживеам првата битка. Не им е гајле дали војникот ќе научи да пука. Ми дадоа оружје, пукав во цел, а тие само ставија ознака до моето име“, вели тој за односот што кон него имале водниците кои го обучувале во тренинг центарот.

Тимофеј вели дека инструкторите не биле фокусирани на обука, туку на следење на присилно мобилизираните војници за да се осигураат дека никој нема да избега.

Според новинарите, приказната на Тимофеј е само една епизода меѓу огромниот број Украинци кои бегаат од армијата поради големите загуби и зголемената присилна мобилизација.

Поврзани вести