Skip to main content

Центар за управување со воени операции: Кина гради воен комплекс 10 пати поголем од Пентагон

Кина гради масивен воен објект на 30 километри југозападно од Пекинг кој ќе биде најмалку 10 пати поголем од Пентагон.

Објавени сателитски снимки од локацијата покажуваат појава на комплекс од длабоки бетонски бункери и подземни комуникации.

Според проценките на американските разузнавачки служби, центарот е наменет за управување со кинеските воени операции.

Доколку се потврди, овој нов напреден подземен команден бункер за воени лидери, вклучувајќи го и претседателот на Централната воена комисија Кси, ќе ја сигнализира намерата на Пекинг да изгради не само конвенционални сили од светска класа, туку и напредни способности за нуклеарно војување“, коментира Денис Вајлдер, поранешен шеф на Одделот за анализа на Кина на ЦИА.

Истражувач на Советот за стратешки и воени игри во Тајпеј, Хсу Јен-чи, вели дека површината на локацијата е многу поголема од типичен воен камп или тренинг центар.

Поради неговата масивност, може само да се претпостави дека тоа е место на административна организација или голема база за обука“, вели Хсу.

Поврзани вести