Skip to main content

Чесите со донации купиле американски хеликоптер „Блек хоук“ за Украина

Чешката иницијатива „Дарек про Путина“ (Подарок за Путин) собрала средства за купување хеликоптер УХ-60 „Блек хоук“ за припадниците на украинската безбедносна служба – ГУР.

„Волонтерите“ го објавија купувањето на хеликоптерот на своите профили на сцијалните мрежи.

Ние го направивме тоа! Чесите испраќаат хеликоптер „Блек хоук“ во Украина. Успеавме да добиеме поевтина и понова машина што и е потребна на Украина“, се наведува во соопштението на социјалните мрежи.

Собираето средства за купување на хеликоптер „Блек хок“ за украинската армија почна во ноември 2023 година. Како што забележуваат „волонтерите“, по неколку месеци иницијативата значително забавила.

Меѓутоа, откако разговарале со припадници на ГУР, Чесите решиле да се обидат да ја комплетираат колекцијата. За тоа им помогнало тоа што со помош на ГУР успеале да пронајдат летало надвор од Европа кое било за 35 милиони чешки круни (1,4 милиони евра) поевтино, па дури и малку поново од првично планиранито.

„Волонтерите“ успеале да соберат нешто повеќе од 72 милиони чешки круни (2,87 милиони евра) од потребните 70 милиони. Воедно, по купувањето, украинската страна ќе се погрижи за транспорт на машината во Европа и нејзино ставање во функција.

По оваа вест, во моментов се знае дека Украина има два хеликоптери УХ-60 „Блек хоук“, од кои едниот е купен од цивилна компанија, а потеклото на вториот засега не е познато.

Поврзани вести