Skip to main content

Брутално убиство за паркинг во Истанбул: Сосед пукаше во двајца браќа, едниот загина (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тепачка меѓу двајца браќа и сосед за паркинг место во Истанбул заврши со крвопролевање, пренесува Џумхуриет.

Сторителот, Надир К., извадил пиштол и ги застрелал браќата Седат и Синан Арикан во понеделник попладне, убивајќи го првиот, а повредувајќи го вториот.

На видеото се гледа како сторителот првично се бори со Синан Аркан, пукајќи му во нозете, а потоа пука во Седат Аркан, кој паднал на земја покриен со крв.

Според турските медиуми, Надир и браќата Арикан повторно се степале една недела претходно од истата причина во населбата Бестелсиз. Во тоа време дури биле поднесени и тужби.

Сторителот на крвавиот инцидент бил уапсен заедно со негов роднина кој бил присутен на местото.

Поврзани вести