
Велика Британија го претстави копнениот систем за воздушна одбрана со краток дострел „Грејвхок“ (Gravehawk), развиен специјално за потребите на украинските сили со финансиска поддршка од Данска.
Овој комплекс е сместен во контејнер од 20 стапки и е опремен со електро-оптички систем за детекција. Два примероци од системот веќе се испратени во Украина во септември 2024 година на тестирање во реални услови.

За годинава е планирана испорака на уште 15 единици, откако тестовите се покажале како успешни. Во овој борбен систем, советските ракети воздух-воздух со краток дострел П-73 се користат како противвоздушни ракети.

Станува збор за истите проектили кои во моментов вооружените сили на Украина ги користат во своите чамци без екипаж. Со помош на П-73, украинските беспилотни морски возила извршија неколку напади врз руски авиони-ловци и хеликоптери над Црното Море.
