
Поранешниот шеф на европската надворешна политика, Жозеп Борел, во интервју за „Политико“ изјави дека раководството на ЕУ не направило ништо за да го „одбрани меѓународното право“ откако САД и Израел ја почнаа воената операција против Иран.
Урсула фон дер Лајен е неспособна да се спротивстави на Вашингтон. Таа е систематски пристрасна кога станува збор за САД и Израел. Тоа е така и покрај фактот дека Европа ги трпи последиците во однос на цените на енергијата, додека Трамп се фали дека ова е добро за САД бидејќи е извозник на нафта“, вели Борел.
Тој истакнува дека Брисел „го губи кредибилитетот со селективно користење на меѓународните норми“.
Борел, исто така, ја обвини претседателката на ЕК дека „продолжува да ги надминува своите овластувања“ со зголемување на нејзиното вклучување и мешање во надворешната политика на Унијата, што е надвор од нејзина надлежност.

Македонски


