Skip to main content

Богатството на најбогатите Руси лани се зголемило за 18,5 милијарди долари

Богатството на најбогатите Руси во 2024 година се зголемило за 18,5 милијарди долари.

Според „Блумберг“, на индексот на милијардери најмногу на своето бохатство му додал сопственикот на металуршкиот комбинат „Новолипец“, Владимир Лисин. Неговото богатство се зголемило за 5,05 милијарди долари и сега изнесува 29 милијарди долари.

Најбогатиот Русин на листата е еден од главните сопственици на „Норилск никел“, Владимир Потанин. Неговото богатство се зголемило за 736 милиони долари и достигна 31,8 милијарди.

На второ место е Лисин, а на трето е косопственикот на „Лукоил“, Вагит Алекперов со богатство од
27,2 милијарди долари (+2,59 милијарди).

Вкупно, на листата на 500 најбогати луѓе во светот има 25 Руси.

Поврзани вести