
Во напад со дрон извршен ноќеска оштетен е дата-центар на компанијата „Јандекс“ во руската Рјазанска област, а во индустрискиот комплекс избувнал голем пожар.
Според видеоснимките објавени на социјалните мрежи, станува збор за локацијата „Yandex DC Sasovo“ во истоимениот град во областа Рјазан, околу 300 километри југоисточно од Москва.
Од „Јандекс“ претходно наведоа дека тоа е нивниот најголем дата-центар, од големо значење за функционирањето на нивните услуги и клауд-инфраструктурата.
Компанијата „Јандекс клауд“ подоцна потврди дека дошло до инцидент и проблеми со напојувањето во една од зоните на достапност. Според компанијата, прекините започнале околу 1:31 часот, а ситуацијата не била стабилизирана ниту 40 минути подоцна.
На корисниците им било советувано дел од своите услуги да ги префрлат на други локации, додека инженерите работат на нормализирање на системот.
МИА

Македонски


