Белгиски суд го отфрли случајот за корупција против Пртесдеталката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Тужбата, поднесена од белгискиот активист Фредерик Балдан, се однесува на наводите дека шефицата на Европската комисија склучила договор за купување на вакцините на „Фајзер“ „во четири очи“, без согласност на земјите-членки на ЕУ.
Белгискиот суд го отфрли случајот со образложение дека тужителот „не е погодена страна“.