Skip to main content

Белата куќа: Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор

Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку што сме во овој момент, изјави портпаролката на Белата Куќа, Керолин Левит за време на брифинг со новинарите.

Таа додаде дека петседателот Доналд Трамп е решен да го оствари тоа.

Прашана дали американскиот претседател ќе размисли за воведување санкции кон Русија доколку неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин утре не помине добро, Левит одговори дека „тоа е нешто што претседателот го изнесе и тој секако е подготвен да го направи доколку е потребно“.

Таа одби да одговори на прашањето дали Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин ќе разговараат за иднината на украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Поврзани вести