
Армијата на Уганда денеска демантираше дека насилно го одвела лидерот на опозицијата и претседателски кандидат Боби Вајн со хеликоптер, еден ден по изборите обележани со насилство.
Опозициската партија Платформа за национално единство (НУП) на Икс објави дека армиски хеликоптер слета во близина на домот на Боби Вајн и насилно го одведе на непозната дестинација.
БУП тврди дека телохранителите на Вајн биле „подложени на тешка агресија во инцидентот“.
Гласините за неговото така наречено апсење се неосновани, изјави денес портпаролот на армијата на Уганда, Крис Магеси.
Опозицијата тврди дека најмалку 10 лица биле убиени во четврток за време на претседателските и парламентарните избори обележани со насилство.
Според аналитичарите претседателските избори се само формалност за претседателот Јовери Мусевени, 81-годишен поранешен герилец кој се кандидира за седми последователен мандат, потпирајќи се на својата целосна контрола врз изборниот и безбедносниот апарат.
Според преброените гласачки ливчиња од речиси 81 проценти од избирачките места, Мусевени добил 73,7 отсто од гласовите, а Вејн 22,7 проценти. Конечните резултати се очекува да бидат објавени денеска попладне.
Вајн (43) изминатите години е главен политички ривал на Мусевени, кој е на власт 40 години. Поранешниот реге пејач за време на претходнитте избори во 2021 години беше приведен и измачуван.

Македонски





