Skip to main content

Апокалиптични сцени по земјотресот во Авганистан: Најмалку 20 загинати и стотици повредени

Во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер што доцна синоќа го погоди североисточниот авганистански град Мазар-е Шариф, загинаа најмалку 20 луѓе, а стотици се повредени, соопштија властите, пренесува Ројтерс.

Геолошкиот завод на САД (USGS) соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 28 км во близина на Мазар-е Шариф, град со околу 523.000 жители.

„Вкупно 150 повредени и 20 мртви лица се пријавени до утрово и се префрлени во здравствени центри“, изјави за Ројтерс Самим Џојанда, портпарол на здравствените служби во Саманган, планинска северна покраина во близина на Мазар-е Шариф.

Бројот на жртви е базиран на болничките извештаи собрани до понеделник наутро, додаде тој.

USGS издаде портокалово предупредување на својот PAGER систем, автоматизиран систем кој дава информации за влијанието на земјотресот, што укажува дека „веројатни се значителни жртви и дека катастрофата е потенцијално широко распространета“.

Земјотресот уништи дел од светото место Мазар-и-Шариф, изјави Хаџи Заид, портпарол на покраината Балх, мислејќи на Сината џамија. Националната агенција за катастрофи соопшти дека извештаите за жртвите и штетите ќе бидат објавени подоцна.

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди обемот на штетата од земјотресот.

Поврзани вести