
Американската војска активно учествува во пресретнување на иранските ракети и дронови што се лансирани кон Израел, потврди официјален претставник за Си-Ен-Ен.
Воените сили на САД користат поморски и воздушни капацитети за пресретнување на проектили – практика што се применувала и при претходните ирански одговори на израелските напади врз Иран.