Skip to main content

Иран погоди американски стелт Ф-35, морал принудно да се приземји

military_material-from-pixabay
military_material-from-pixabay

Американски борбен авион Ф-35 извршил итно слетување во американска воздухопловна база на Блискиот Исток откако бил погоден од нешто што се верува дека е ирански оган, објави „Си-Ен-Ен“ наведувајќи два извори запознаени со ова прашање.

Капетанот Тим ​​Хокинс, портпарол на Централната команда на САД, изјавил дека авионот од петта генерација „летал во борбена мисија над Иран“ кога бил принуден да изврши итно слетување. Хокинс вели дека авионот слетал безбедно и дека инцидентот е под истрага.

Авионот слета безбедно, а пилотот е во стабилна состојба“, додаде Хокинс.

Инцидентот би бил прв потврден случај Иран да погоди американски авион во војната што почна на крајот на февруари. И САД и Израел изведуваат борбени мисии со Ф-35 во конфликтот.

Овој супер модерен авион има стелт технологија и чини над 100 милиони долари.

Поврзани вести