Skip to main content

Американците објавија видео од „невидливите“ бомбардери при нападот врз Иран

Министерството за одбрана на САД објави инсерти и фотографии од седум стратешки бомбардери Б-2А „Спирит“, што полетале од воздухопловната база Вајтман во Мисури ноќта на 20 јуни, како дел од нападот врз нуклеарните објекти на Иран во операцијата „Полноќен чекан“.

Секој авион бил вооружен со две бомби „GBU-57A/B MOP“ (Massive Ordnance Penetrator), таканаречени „Bunker Buster“ со тежина од 13.600 килограми, наменети за уништување на утврдени подземни цели.

Дополнителната документација потврдува дека бомбардерите се вратиле во воздухопловната база Вајтман на 22 јуни, по повеќе од 36 часа долг лет за време на кој извршиле напади над иранска територија. 

Поврзани вести